Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

И синтаксата живее во морфологија – Виктор Кадинец

Ноќна ми е песнава.

Конкретизирам без компарација.

Елаборат во три тома.

Морфолошки афикси, без преседан.

Модалните зборови, веќе испукаа.

Мислам и дека коренската морфема се подели

на томови од несвршени глаголи.

Нелогички.

Научен преседан.

 

Нема срам во твојата содржина палавке.

Јас читам подобро отколку што мислиш.

Не ми треба,

ни страници да ти вртам,

ни со бројаница низ рака ќе ме збуниш,

јас сум придавка, на твојата именка.

Знам јас како се спитомува акцент,

здивена стаписаност на сврзникот.

Ретка фонема,што летка без елизија.

Кога Бог ми дарил,

турил повеќе од она што чита низ очи.

Не, небегаш од времето на расказите.

Бегаш од себе, во бајката.

Бегаш, да не засакаш, во реалноста.

Да не се вклопиш во таа анатема на чувства.

Да не се заљубиш палавке.

А вака викаш арно е,

дуалитет монологичен,

нелогичен, за меѓу редови.

 

Ноќна ми е песнава.

Но запамти.

Само заљубените во ноќите не спијат.

И синтаксата живее во морфологија.

Ако разбираш…

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје