Уметници кои сакале да ги уништат своите дела

Оние кои одлучувале меѓу својата смрт или смртта на своите дела да го одберат второто секогаш привлекувале внимание како и уметниците самоубијци. Останува без одговор прашањето дали се повредни запалените дела од неизговорените зборови, запалените белешки од кафаните во кои седат обичните луѓе. Или во прашање е само љубов кон вечната потрага и барање смисла.

Делата на Кафка се спасени благодарение на пријателот

Франц Кафка одредени свои дела ги запалил. За нив се знае навистина малку, но благодарение на неговиот најдобар пријател Макс Брод, за оние кои ги чекала слична судбина се зачувани. Издадени и неиздадени приказни, романи, дневници, Кафка му ги оставил на неговиот најдобар пријател со посвета: „Најдраг Макс, моето последно барање: Сѐ што ќе оставам за себе…во облик на дневник, ракопис, писма (мои и туѓи), скици итн., да биде запалено и непрочитано“.

Брод бил доволно разумен па одлучил да не го послуша пријателот прекршувајќи го тестаментот и допринесувајќи за светската книжевност. Сѐ што му оставил Кафка тој го издал во период од 1925-та до 1935- та година. За да се спаси од канџите на нацизмот, Брод со себе во Палестина го понел ковчегот со хартијата која не била спремна за издавачите.

Последната љубов на Кафка, Дора Диамант сочувала 20 нотеси и 35 писма кои подоцна ги конфискувало Гестапо. Делот од тие списоци биографите ги бараат и денес.

Ако некого би сакале да му се заблагодариме што подоцна ги дочекавме „Замок“, „Америка“ како и по многумина романот на епохата „Процес“, тоа секако би требало да биде Макс Брод.

Недовршената лебедова песна од Владимир Набоков

Додека бил болен и немоќен во болнива во 1997-та година, Набоков се обидувал да го заврши своето дело „Оригиналот на Лаура“. На синот во завештание му ја оставил желбата да го уништи тој ракопис. Но сепак синот на Набоков одлучил точно триесет години после смртта на татко му да го објави ракописот. После повеќегодишното промислување дали да ја исполни последната таткова желба или генерациите кои доаѓаат да ги оплемеи со уште едно уметничко дело, Димитри се одлучил да им угоди на живите.

Сликарските разочарувања на Клод Моне

Ексцентричноста е често пратечки вагон на локомотивата која се нарекува уметност. Внатрешниот слом, незадоволство со делото, а донекаде и конфликтот со сопственото его понекогаш доведува до она што му се случило на големиот сликар Клод Моне во 1908-та година.

Имено, откако со години ја подготвувал изложбата за сликите работени со посебна техника, со многу водени површини во израз, Моне се откажал кога го нападнале внатрешните сили. Како што своевремено говорел Јесенин дека за запознавање со себе е потребно да се разговара со самата смрт, многу уметници се одлучувале на потег барем да разговараат за смртта на нивните дела.

Наместо отворање на изложба, Моне зел нож и четка и дословно ги оштетил своите 15 слики.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!