Несреќни и болни,
испијаме чаши,
со солзите наши полни.
Заборавени од светот,
го бараме лекот,
но животот не чека,
ни се крати векот, кому побргу, кому полека.
Привиени за креветот изнемоштени,
а во умот развиорени,
в шума трчајќи истоштени.
Трагаме по победа,
копнееме по слобода,
по крилја небесни, по спас од ѕидовиве претесни.
И конечно, конечно доаѓа,
наеднаш тежината, болката, очајот проаѓа.
Отпрво црна темнина, потоа рајска светлина.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/thumbnail_FB_IMG_1617049647286.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.