Литература Мисли и цитати

Мотивирачки цитати од Марк Менсон – авторот на познатиот бестселер „Е, баш ме заболе“

Речиси и да нема читател кој не слушнал за книтата “Е, баш ме заболе“, од познатиот блогер Марк Менсон. Неговиот блог го имаат посетено повеќе од 2 милиони читатели и тој ја носи титулата “ѕвезда“ во блогерските кругови. Неговата книга ги привлекува сите видови луѓе кои сакаат да живеат подобар живот. Советите што ги има во неа се контроверзни но можеби тие се вистинските зборови што можат да ви го променат животот.

Прочитајте ги во продолжение мотивирачките цитати што се кажани токму од Марк Менсон.

„Зрелоста е она што се случува кога човекот ќе научи да се грижи само за она што е навистина важно“.

„Не можете да бидете моќни и да го менувате животот на некои луѓе, а на другите да не им бидете смешни“.

„Предизвикајте се себе за во сите да наоѓате нешто добро и убаво. Тоа постои во нив. Вашата работа е тоа да го пронајдете. Нивната работа е тоа да ви го покажат“.

„За да бидеме среќни треба да се решиме за нешто. Значи, среќата е облик на дејствување“.

„Во својот живот се грижев за многу луѓе и многу нешто. Исто така не се грижев за многу луѓе и многу нешта. И како неистражен пат, она за што не се грижев е она што донесе промена“.

„Не се надевајте на живот без проблеми. Не постои такво нешто. Наместо тоа, надевајте се на живот полн со добри проблеми“.

„Грешките ни отвораат можност за промени. Кога грешиме тоа нè до шанса за растење“.

„Самосвеста е како кромидот. На него има повеќе слоеви и колку повеќе го луштите толку е поголема веројаноста дека ќе почнете да плачете во неприкладно време“.

„Ако навистина заглавивте во некој проблем, само не седете и размислувајте за него туку почнете да работие на него. Дури и ако не знаете што правите едноставната работа на тоа на крајот во главата ќе ви ги искристализира вистинските идеи“.

„Особата со која стапуваш во брак е особата со која се расправаш. Куќата која ја купуваш е куќата која ја поправаш. Работата од соништата е работа која носи стрес. Стресот доаѓа со жртва – она што прави да се чувствуваме добро неизбежно прави да се чувствуваме и лошо. Она што го добиваме е и она што го губиме. Она што ги создава нашите позитивни искуства ги дефинира нашите негативни искуства“.

„Проблемот не е во тоа што не знаеме како да го избегнеме ударот. Проблемот е во тоа што во некој миг некогаш одамна сами сме се удриле и наместо да возвратиме сме заклучиле дека тоа сме го заслужиле“.

„Отфрлувањето постои со причина – тоа е начин на раздвојување на луѓето кои не се добри едни за други.

„Немојте само да седите. Направете нешто. Одговорите ќе следат“.

„Велам – немојте да се пронаоаѓате. Велам – никогаш немојте да дознавате кои сте. Бидејќи тоа е она што ве тера да откривате и да копнеете. И ве присилува да бидете понизни во своите размисли и прифаќање разлики во другите“.

„Поради тоа што болката е универзална животна константна, можностите за раст од таа болка се постојани во животот. Сè што е потребно е да не затапиме и да не го оттргнеме погледот. Потребно е само да го ангажираме и во него да пронајдеме вредност и смисла“.

„Имам за вас и добри и лоши вести: мало е она што е единствено или посебно во врска со вашите проблеми. Поради тоа отпуштањето е толку ослободувачко“.

„Безнадежноста е корен на тешкотиите, менталните болести и депресијата. Таа е извор на секоја беда и причинител на секоја зависност“.

„Ако навистина немате причина да направите нешто, тогаш исто така нема причина да не направите ништо“.

„Наместо да барате надеж, обидете се ова: Не се надевајте. Не очајувајте. Всушност, немојте да верувате дека нешто знаете. Не се надевајте на подобро. Само бидете подобри. Бидете почувствителни, поотпорни, поскромни, подисциплинирани. Бидете подобар човек“.

„Дејствувањето не е само ефект на мотивацијата: таа е и нејзин причинител“.

„Не можете да изградите подобар ум без предизвикување на сопствените уверувања и претпоставки“

„Она што ве дефинира во животот, тоа се вредностите за кои сте подготвени да се борите“.

„Сигурноста е непријател на растот.“

„Кога сами себе си ја ускратуваме можноста да почувствуваме болка, себе си ја ускратуваме можноста воопшто да почувствуваме некаква цел во својот живот“.

„Никогаш нема да бидете среќни ако продолжите да го барате она што предизвикува среќа. Никогаш нема да живеете ако ја барате смислата на животот“.

„Подобрувањето се темели на илјадници ситни неуспеси, а поголемиот број успеси се темели на тоа колку пати не сте успеале во нешто“.

„Запомнете, болката ѝ служи на смислата“.

„Кога сте во недоумица, проверете ги своите намери“.

„Среќата бара борба. Таа расте од проблемите. Радоста не извира од земјата како камилицата и виножитото. Целото животно исполнување и смисла треба да се заработат со одбирање и управување на нашите борби и настојувања“.

„Без конфликт не може да има доверба. Конфликтот постои за да ни покаже кој е тука за нас безусловно и кој е тука поради корист“.

„Болката и губитокот се неизбежни и треба да се откажеме од обидот да им се спротивставиме“.

„Довербата е како порцелан. Ако еднаш го скршите со малку внимание можете повторно да го составите. Ако повторно го оштетите тоа ќе се скрши на уште повеќе парчиња и ќе треба уште повеќе време за повторно да се состави. Ако го кршите уште повеќе пати тоа на крајот се оштетува до точка кога е невозможно да се поправи. Премногу разбиени парчиња и премногу прашина“.

„Внимателно бирај го она што ќе ти биде важно“.

„Ние сме всушност често посреќни со помалку. Кога сме преокупирани со прилики и можности патиме од она што психолозите го нарекуваат парадокс на изборот“.

„Храброста не е отсуство на страв. Храброста е чувство на страв, сомнеж, несигурност и одлука дека нешто друго е поважно“.

„Без оглед дали тоа свесно го препознаваме или не, секогаш сме одговорни за своите искуства“.

Прочитајте ги и овие мисли за амбицијата кои ве предизвикуваат да се борите за вашите соништа!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје