Јазик на љубовта – Лина Димоска

Ти си како редок цвет,
толку редок што нема име,
за да го помириса човек
треба долго да го бара
и пак цветот може да не му се појави.

Такви се ретки цветови,
се појавуваат кога сакаат,
му се појавуваат на оној
кој тие ќе го изберат
и имаат толку посебен мирис
што не може секој да го почувствува.

Ти си токму таков,
како редок цвет кој нема име,
кој избра мене да ми се појави,
кој ми дозволи мирисот да му го почувствувам,
кој ми дозволи да му дадам име,
кој ми кажа дека можам да бидам поет.

Ти си токму таков,
како редок цвет кој нема име,
а јас тебе сите песни ти ги пишувам,
дури и да не ги читаш,
јас пак ќе ти ги посветам сите песни,
ќе ги пишувам на јазикот на љубовта,
јазик, кој само ретките цветови, како тебе,
може да го разберат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?