Литература Мисли и цитати

36 цитати од Тери Прачет за животот и неговите составни делови

Тери Прачет (1948-2015) е англиски писател, хуморист, сатиричар. Неговите 40 книги од серијата Discworld, продадени се во 85 милиони копии на 37 јазици. Делата на Прачет се адаптирани за филм, телевизија, стрип, радио драми. Прочитајте ги во продолжение неговите цитати.

1. „Времето е како дрога. Премногу те убива“.

2. „Човекот кој може да биде купен обично е безвреден!“

3. „Во древните времиња мачките биле обожавани како божества, а тоа не го заборавиле“.

4. „Добро познато е дека клучниот фактор за успех е не знаењето дека она што се обидуваш да го направиш е невозможно“.

5. „Кога е тој овде, дури и несигурноста е несигурна. А не сум сигурен дури ни во тоа“.

6. „Боговите не ги сакаат луѓето што работат малку. Луѓето кои не се зафатени цело време би можеле да почнат да мислат“.

7. „Не ми мисли на тоа како на умирање. Мисли на тоа како тргнување на време за да ја избегнеш гужвата“.

8. „Мудроста доаѓа од искуството. Искуството е најчесто резултат на недостаток на мудрост“.

9. „Во секоја возрасна особа се наоѓа млада особа која се прашува што се случило“.

10. „Фантазијата е како собен велосипед. Не може да те одведе никаде, но може да ти ги извежба мускулите кои можат. Секако, можеби грешам“.

11. „Беше осум часот наутро, време кога пијаниците се обидуваат или да заборават кои се или да се сетат каде живеат“.

12. „Хаосот го наоѓаме во најголемо обилие таму каде што е воспоставен ред. Тој секогаш ја победува уредноста бидејќи е подобро организиран“.

13. „Целиот живот е како гледање филм. Само што секогаш стигнуваш десет минути подоцна и никој не сака да објасни за што се работи туку мораш сам да заклучуваш врз основа на трагите“.

14. „Човечките битија го прават животот интересен“.

15. „Дали знаете дека вселената е толку полна со чуда што успеале да ја измислат досадата?“

16. „Омразата е само љубов со свртен грб“.

17. „Злото доаѓа кога ќе почнеш луѓето да ги третираш како предмети“.

18. „Секогаш имајте на ум дека масата која аплаудира на вашето крунисување е истата таа маса која ќе аплаудира кога вашата глава ќе биде отсечена. Луѓето сакаат претстави“.

19. „Ужасно е чувството да се пронајде нешто во својата глава, а да не знаете како стигнало до тука“.

20. „Повеќето големи триумфи и трагедии во историјата ги предизвикале луѓето кои не биле фундаментално добри или зли туку луѓе кои се фундаментално луѓе“.

21. „Сè изгледа интересно додека не почнеш тоа да го правиш“.

22. „Луѓето можат да чекаат на спасување многу долго, но не сакаат вечера која ќе се појави после еден час“.

23. „Кога ќе зачекориш на стрмна карпа твојот живот има многу одреден правец“.

24. „Понекогаш се смееш затоа што нема повеќе простор за плачење“.

25. „Кукавиците прават најдобри стратегии“.

26. „Смртта, за разлика од данокот доаѓа само еднаш“.

27. „Некогаш доброто доаѓа за да го казни човекот“.

28. „Само оние со нозете на камен можат да изградат дворци во воздухот“.

29. „Ако ненормалното потрае доволно долго, станува нормално“.

30. „Вистински важните нешта никогаш не се напиашни бидејќи луѓето го помнат она што им е вистински важно“.

31. „Вистина е дека зборовите имаат моќ, а едно од тие нешта што можат да направат е да излезат од нечија уста пред да ги запре оној што говори“:

32. „Зошто заминуваш? За да можеш да се вратиш. Да можеш да го видиш местото од кое си заминал со нови очи и многу повеќе боја. Луѓето те гледаат поинаку исто така. Враќањето на местото од каде си тргнал не е исто како и никогаш да не си го напуштил“.

33. „Некогаш единствена работа која можеш да ја направиш за луѓето е да бидеш тука“.

34. „Бракот секогаш го прават двајца луѓе кои се подготвени да се заколнат дека само оној другиот рчи“.

35. „Внимавај што посакуваш. Никогаш не знаеш кој ќе слушне“.

36. „Седам овде понекогаш збунет и мислам: „Всушност, твоја работа е да седиш овде и да ја пишуваш следната книга. Меувањето на светот е за другите луѓе“, а тогаш се враќам на себе и си велам: „Не, не е !“.

Прочитајте ги и овие мисли од македонскиот драмски писател Горан Стефановски!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје