Еден ден учителката ги замолила своите ученици на лист хартија да ги напишат имињата на сите останати ученици во класот и покрај секое име да остават по малку место. Потоа им рекла да размислат што е она најубаво што би можеле да го кажат за секој поединечен ученик и тоа да го напишат покрај нивните имиња.
Траело тоа цел еден час сè додека не биле сите готови, па потоа ја напуштиле училницата и секој на учителката ѝ го предал својот лист. Преку викендот учителката на еден лист хартија ги напишала имињата на секој поединечен ученик и покрај него ја напишала листата на најубавите забелешки кои другите ученици ги дале за него или неа.
Во понеделникот на секој ученик му го предала неговиот/нејзиниот лист. После некое време сите се смееле.
– Навистина?, шепотеле. „Не мислев дека воопшто некому толку значам! Не мислев дека на другите сум им толку драг/драга“, биле честите коментари.
После тоа никој повеќе не го спомнувал тој лист. Вежбата ја исполнила својата цел, а учениците биле среќни со себе, но и со другите ученици.
Поминале неколку години кога еден од учениците загинал во војна па учителката пошла на неговиот погреб. Црквата била преполна со многу пријатели. Еден позади друг, сите кои го познавале или сакале тој млад човек поминувале покрај неговиот ковчег и му оддавале последна почест.
Учителката била последна и се помолила покрај неговиот ковчег. Кога ја видел таму, еден од војниците кој го носел ковчегот ѝ рекол:
– Вие сте учителката на Дон? Таа потврдила.
Потоа тој ѝ рекол: „Марко често зборуваше за вас.“
После погребот повеќето ученици од училиштето кои учеле со Дон биле собрани на едно место. Тука биле и неговите родители и веројатно едвај чекале да поразговараат со учителката.
– Нешто би сакале да ви покажеме, рекол таткото и извадил нешто од паричникот од својот џеб. Ова го нашле покрај него кога загинал. Мислевме дека Вие тоа ќе го препознаете.
Од паричникот извадил веќе избледен лист хартија, кој речиси бил уништен од често превиткување. Учителката веднаш знаела дека тоа е еден од оние листови на кои имало напишано убави нешта, а ги напишале колегите и колешките на Дон од неговиот клас.
– Толку сме ви благодарни што сте го направиле тоа, рекла мајката на Дон. Како што гледате на Дон тоа му било исклучително важно. Сите останати ученици се собрале околу нивната некогашна учителка. Иван тогаш се насмевнал и рекол:
– И јас сè уште го чувам тој лист во горната фиока од моето биро за пишување.
Жената на Филип рекла:
– Филип ме замоли листот да го ставиме во нашиот албум од венчаваката.
– И јас уште го чувам својот во својот дневник, рекла Марија.
Потоа Ана, па уште една ученичка ги извадиле од својот календар веќе истрошените и избледените листови и им ги покажале на останатите.
– Секогаш го носам со себе рекла Ана и додала: „Мислам дека сите сè уште го чуваме тој лист.“
Учителката била толку трогната што била принудена да седне и почнала да плаче. Плачела поради Дон и сите негови пријатели и пријателки кои повеќе нема да ги види. Често во животот со другите луѓе забораваме дека сечиј живот еден ден ќе заврши и дека никој од нас не знае кога ќе биде тоа.
Затоа би требало да им кажеме на сите оние луѓе што ги сакаме и за кои се грижиме дека нас ни се нешто посебно и дека ни значат. Да им кажеме додека тоа не биде предоцна.
Прочитајте ја и следнава приказна за вербата во себе и во својата моќ!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.