Уметност Филм

5 божиќни филмови за сите генерации

Постојат повеќе начини за да почувствува во празничата еуфорија. Може да испечете божиќни колачиња, да слушате божиќни песни или едноставно да се оптегнете на кревет и да уживате во божиќен филм. Па, земете си топло ќебе, наполнете си топло чоколадо, облечете џемпер со Дедо Мраз и чорапчиња со елени и подгответе се за да уживате во божиќен филм.

Ние издвоивме 5 божиќни филмови кои никогаш не стануваат здодевни, а во нив еднакво уживаат и децата и возрасните.

Сам дома (Home Alone) 

Овој филмски хит од 90титите никогаш не излегува од мода, особено не за време на празниците. Што може да се случи кога семејството ќе го заборави едно од своите деца дома, додека тие се на пат во Европа? Малото момче совршено и на комичен начин успева да се справи со неволјите кои го снајудуваат додека е сам дома. Одлична комедија која ќе ве насмее до солзи и ќе ве врати назад во детството.

Како Гринч го украде Божиќ (How the Grinch stole Christmas)

Малата Синди Лу верува дека Гринч, чудовиште кое живее надвор од Хувил,  може повторно да го засака Божиќ и да верува во божиќниот дух. Но Гринч мрази сè во врска со Божиќ и планира да ја уништи божиќната прослава. Дали Синди Лу ќе успее во својата мислија? Дали Божиќ на крај ќе го омекне срцето на Гринч? Погледнете ја оваа прекрасна божиќна прикасна со комични елементи и Џим Кери во главна улога за уште еднаш да се уверите во божиќната магија.

Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast) 

На сите добро ни е позната оваа бајка за убавицата Бела која ќе успее да му го стопли срцето на дивиот ѕвер. На крајот дури ќе успее да го претвори во принц и да ја тргне лошата клетва која го прогонува со години. Никогаш не е лошо да отпатуваме во детството и заедно со своите најмили да го погледнеме овој прекрасен анимиран филм кој и тоа како е поврзан со Божиќ.

Празници (The Holiday)

Две девојки од различни држави си ги заменуваат домовите за време на празниците со цел да се оддалечат од проблемите во нивните врски. Секако, нивните животи се менуваат неочекувано кога ќе се запознаат и ќе се заљубат во двајца мажи од туѓата држава. Двете жени, претходно никогаш не се сретнале, ниту се познаваат. Едната жена добива заменска куќа во сончевата Калифорнија, а другата снежна идила во Англија. Но она што не го очекуваат е тоа што на двете им се случуваат прекрасни романтични приказни. Оваа романтична комедија сигурно ќе ви ги стопли срцата и ќе ве насмее.

Чудо на Улица 34 (Miracle on 34th Street) 

Шест годишната Сузан е скептична во врска со митовите околу Божиќ и со самиот Дедо Мраз. Тоа, најверојатно, го научила од мајка си. Еден ден среќаваат човек со чудно име, кој се колне дека е вистинскиот Дедо Мраз. Дали девојчето ќе почне да верува во Дедо Мраз? Дали тоа заедно со мајка си ќе успее да докаже дека овој човек е вистинскиот Дедо Мраз? Гледајте ја оваа прекрасна бајка и стоплете си ги срцата.

Потсетете се на сцени од цртаните на Дизни кои барем еднаш ве расплакале.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје