Литература Митови и легенди

Jарило – Словенски бог на вегетацијата, војната и заштитник на слабите

Јарило е словенски бог на војната, но исто така тој е бог на плодноста и пролетта. Исто така се нарекува Руцевид, Геровит и Јаревид. Јарило е син на Перун, бог на грмотевиците, но бил украден од татко му и однесен во подземниот свет, каде го воспитувал Велес. Некои луѓе го замислуваат Јарило како млад и убав човек во бела облека, други како воин кој јава на бел коњ. Тој е украсен со цвеќиња и пченица.

Поради тоа, во многу пролетни ритуали кај словенските народи, девојките облекуваат бела облека, се китат со цвеќе  и јаваат коњи во чест на Јарило. Постои и други верување, дека Јарило бил седмоглав витез со опрема за воини.

Етимологија на името Јарило

Протословенската придавка јар (јар = бес, јарко = светло, жар = оган, страст) изразува нешто што се карактеризира како млада жестока сила, жестока сила во растот. Оваа сила не се сфаќа апстрактно, туку конечно. Се манифестира во одредени периоди од годината, односно на пролет. Тоа е пролетна сила што го отвора летото, го означува почетокот на годината и животот за природата.

Оваа придавка во сите свои верзии значи “гнев“, “жестокост“, “пролет“, “оган“, “страст“.

Јасно е нагласено дека првичното значње на протословенската придавка јар може подеднакво да важи за растот на животните и растенијата.

Воинот Јарило

Постојат многу теории зошто Јарило имал седум глави. Некои експерти тврдат дека тој бил всушност седум бога во едно, додека други мислат дека бил одговорен за седум месеци во годината. Едната страна на овој бог е поврзана со војната и неговата воинска природа. Јарило воопшто не бил жеден за крв. Тој ги штител послабите и беспомошните, но и словенските народи воопшто од напади. Тој сакал мир и хармонија, па заради тоа е претставен со маслинова гранка во едната, а со меч во другата рака.

Ако не постоел друг начин да се реши проблемот, Јарило го користел својот меч. Тој носел осум мечови и голем штит поплочен со злато. Седумте мечoви ги претставуваат месеците кои се под јурисдикција на Јарило, а осмиот меч е негов. Најголемиот храм на Јарило се наоѓал на германскиот остров Риген. Во коренот на неговото име се наоѓа зборот “јар“ што значи бес, но Јарило воопшто не е бесен, туку праведен.

Бог на пролетта и плодноста

Јарило е комбинација од спротивности. Тој претставува совршена рамнотежа меѓу два сосема различни светови. Од една страна тука се жестокоста, силата и храброста како негови квалитети, а од друга топлината, убавината, нежноста и плодноста како квалитети на пролетта.

Разбран како божество на плодноста, Јарило го претставува  самото сонце што дозволува пченката да роди. Дел од овој бог ги штити земјоделските култури од разорни бури.

Свети Ѓорѓија и Јарило

Свети Ѓорѓија го заменил Јарило во христијанството. Овој светец се борел со змејот кој ја претставува темнината. Една од причините поради кои Јарило е поврзуван со Свети Ѓорѓија е сличноста меѓу нивните имиња. Постојат многу имиња кај словенските народи кои се засноваат на името Јарило: Јарослав, Јаромир, Јарослава.

Имало денови кога луѓето го славеле Јарило и му принесувале жртви, се кителе со цвеќиња и ги кителе домовите со цвеќе. Името на Јарило продолжило да се слави и долги години по прифаќањето на христијанството од страна на словените.

Прочитајте го и митот за пророчицата Касандра на која никој не ѝ верувал.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје