Занимливости и информации Литература Митови и легенди

Легендата за гаргујите и Свети Роман Руански

Gargouille (исто така Garguiem, или gargoyle што означува “жаба”) е змеј од легендата за Свети Роман Руански.

Зборот гаргуј значи „гаргара“, што се однесува на способноста на овој змеј да исфрла вода од устата. Чудовиштето не е дел од постарите записи за животот на светителот, за првпат е запишан во 1394 година.

Опис и легенда

Гаргуја бил страшна морска змија, кој еден ден излегла од реката Сена и почнала да фрла вода по селата. Потоа, Гаргуја направила толку големи бранови како да надошла плима и сѐ она што не отепала со брановите, змијата го проголтала како оброк.

Архиепископот во Руан, Свети Роман сакал да ја победи морската змија

Архиепископот во Руан, Свети Роман, сакал да го реши овој проблем . Гаргуја живеела во пештерно дувло на бреговите на реката Сена, конкретно на левиот брег на Сена, каде Руен имал диви мочуришта низ кои суштеството дивеело, а тој сакал да отиде таму за да го спречи змејот да го продолжи своето дивеење.

Никој не сакал да го придружува Свети Роман во неговата потрага. Наместо тоа, тој зел со себе двајца затвореници осудени на смрт, или во некои верзии, еден затвореник осуден на смрт, кој доброволно се пријавил и немал што да изгуби. Свети Роман отишол до дувлото на Гаргуја сам или со помошник(ци), и таму ѕверот жестоко го нападнал.

Ја смирил со симбол на крстот

Сè што било потребно за да се смири змејот бил симболот на крстот направен од два прста на Свети Роман. На знакот, змејот паднал послушен, а архиепископот и неговите помошници го врзале змејот за врат со помош на епахрилот на архиепископот и го однеле, тивок како јагне, назад кон локалното гратче.

Луѓето го осудиле змејот да умре од оган, бидејќи убил многумина со вода. Луѓето потоа го запалија суштеството и го фрлија огромниот куп пепел што го оставија зад себе во реката Сена од каде што дојде змејот. Или пак,  според други верзии го запалиле на парвисот на катедралата.

Олуците на катедралите се гаргуји

Оттогаш олуците што ја пренасочуваат дождовната вода од покривот на катедралите се украсени со монструозни суштества кои се викаат гаргуји.

Оваа легенда била причина за привилегијата на епископите (која траела до 1790 година) да помилува по еден затвореник осуден на смрт секоја година, со тоа што на помилуваниот маж или жена им бил даден реликвијарот со моштите на Роман што го носел во поворка.

Богородичната црква е позната по своите гаргуји

Гаргујите и статуите на Богородичната црква биле инспирација за многубројни писатели и уметници, вклучувајќи го и Виктор Иго. Тој им даде улога на гаргујите во неговиот роман „Ѕвонарот на Богородичната црква“, кој наводно е напишан со цел да се сврти вниманието кон катедралата и да се започне нејзиното обновување.

Прочитајте и Легендата за Тристан и Изолда.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје