Утрата по тебе
се чувствував како партал
исцеден
од сите нечистотии, враголести
насобрани и таложени со години
Првото кафе
и цигарата твоја
Првиот здив
и песната моја
Одекнува од гитарата наша
Во раните утра по ноќта долга
Ти свирев рифови звучни
ти пеев стихови блудни
За едни,
блузови чудни
И Хендрикс би завидел
и Џоплин би заплакала
да знаеја, за хипи дуетот
За вискито и димот
За рулетот со искрите
од бакнежите и копнежите
Сега си таму некаде
Сега сум тука некаде
Двајцата далеку, се презираме
и помниме
за блузот, за ноќта, за играта
за допирите и чувствата
Утрата по тебе
се чувствувам осамено
и навикнато…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.