„И каменот има душа“ збирка песни од Филип Димкоски конечно излезе од печат. Повеќе за деталите прочитајте во продолжение.
Станува збор за книга која ја содржи неговата песна „И каменот има душа“ во оригинална верзија на македонски јазик и со нејзините препеви на 13 словенски јазици. Односно сите словенски јазиви што се говорат денес, а како што знаеме потекнуваат од старословенскиот.
Издавач: Aкадемски печат.
Поговор: проф. д-р Наталија Лапаева-Ристеска.
Автор на корицата и на илустрациите во книгата: Владимир Здравески, дипломиран сликар.
Графичко обликување: Владимир Здравески.
Лектура: Нада Алексоска.
Авторот Филип Димкоски преку својот профил им се заблагодари на поддршката на сите негови соработници што учествувале во создавањето на оваа книга. Како и на сите негови пријатели и читатели. Сите што сакаат да дојдат до книгата и до информации со нејзе да му се обратат преку порака на Фејсубк.