Која е бојата на моите гревови и зошто јас сум грешна?
Зошто болката моја внатрешна воопшто постои?
Зошто молитвата на лицемерите во мене не опстои?
Која е кармата на душава што живее во ова грбаво тело, што паѓа и станува и зборува смело?
Зошто луѓето сакаат да ме распнат и мене порасната да ме израснат?
Зошто мајко, зошто не ти го сакаат детето?
Зошто ти го плукаат чедото што невино само љуби. Знаеш ли мајко?
Чедото твое само сака во ѕвездите навечер да се изгуби.
Ќе заминам мајко,
прости ми,
не можам тука во грев да живеам,
не можам пред демони душата света да ја излеам.
Кога ќе заминам,
распни ме и ти мајко и заплачи што можеш најјако,
изгради гроб за детето твое – изрод,
и помири се дека детето твое само на себе си е со љубов извор.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.