Skip to content

26 часа до Недојдија

Црни мисли бдеат,
тажна песна пеат,
црни сенки душа испија,
Уште дваесет и шест часа до Недојдија.

Совршено дете,
совршен стих,
по толку години конечно извик.

Врисок, лелек,
тага голема,
Уште дваесет и шест часа до Недојдија.

Ноќ црна,
балкон голем,
поглед болен,
Петар пан,
Не оставај ме сам.

Чекор тврд,
висок врв,
тежок пад,
ко да летам,
Петар Пан не можам веќе да чекам.

Петар Пан сакам да летам,
отвори ја Недојдија,
да побегнам од семејната историја.

Петар Пан ангел црн,
Петар Пан,
доле на асвалтот крв.

Петар Пан не можев веќе да чекам,
сакав да летам,
да побегнам од животната иронија.
Поминаа 26 часа
дојдов во Недојдија.

Сѐ што ме мачеше таму оставив, утредента нов човек се разбудив.

Напишете коментар