Занимливости и информации

Почина поетот, раскажувач и драмски автор Видое Видичевски

На осумдесет и девет годишна возраст вчера почина поетот, раскажувач и драмски автор Видое Видичевски. Писателот беше роден во Охрид на 8 јануари 1931 година. Зад себе остави богат и разновиден опус.  Беше член на ДПМ од 1959 година.

Во поезијата дебитира со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година, а ги објавува и поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“ и „Биље крај езерото“.

Неговите дела се преведувани на голем број јазици, а тој беше и оснoвач и прв директор на Радио Охрид. Бил директор на Домот на културата во Охрид и  еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител. Исто така бил и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“.

За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид, наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности.

Добитник е на наградите: „РТВ Скопје“ за најдобра книга за деца и на книгоиздателството „Детска радост“.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје