Неколку интересни факти за најголемиот јасновидец Нострадамус

Мишел де Нострдам, (француски: Michel de Nostredame; 14 декември 1503 – 2 јули 1566) познат денес од сите како Нострадамус, е човек кој станал озлогласен по своите предвидувања за иднината. Скоро секогаш ги пишувал  во ист модел со четири линиски строфи познати како „кватрени“. Вистината, сепак, е дека тој бил образован лекар и автор кој бил многу почитуван во негово време за неговата работа како лекар и станал славен  за неговите пишани алманаси.

Никогаш, всушност, не го предвидел крајот на светот и голем дел од неговата работа  е изопачена од комерцијалните компании со цел да заработат пари, но тоа не значи дека неговиот живот не бил добар.

Прочитајте 12 факти за овој човек за когo постојат толку многу митови.

1. Го избркале од факултет

Нострадамус студирал медицина, но никогаш не  дипломирал, бидејќи бил избркан откако било откриено дека тој претходно работел како аптекар, професија што била забранета од страна на Универзитетот. Документот за протерување и денес се чува во евиденцијата на Универзитетот во Монпелје.

2. Важноста на медитацијата

Иако тој всушност не влегувал  во мистичен транс за да ги пишува неговите кватрени, Нострадамус се изолирал себеси и  влегувал  во медитативна состојба за да ги види визиите за кои тврди дека ги инспирирале неговите пророштва.

3. Неговите предци станале христијани во 15 век

Презимето на Нострадам – што означува „Богородица“ – било земено од неговиот дедо во 15 век кога се преобратил од јудаизмот во католицизам.

4. Бил многу побожен

И покрај тоа што се движел кон окултизмот како јасновидец, Нострадамус останал да биде побожен римокатолик целиот живот и постојат докази дека тој бил против протестантската реформација.

5. Неговиот прв алманах бил многу популарен

Првиот алманах што го напишал постигнал огромен успех, и  одлучил да пишува барем по еден алманах годишно се до неговата смрт, понекогаш дури и  три во една година. Вкупно, овие алманаси содржат 6.338 различни пророштва. Бил толку популарен што сите благородници од Европа барале од него астролошки совет.

6. Плагијат на минатото

Нострадамус ги препишал повеќето од неговите извори. Идејата за плагијат немала толку многу негативна конотација во 16 век, така што многу автори честопати ги парафразирале класичните дела во нивните дела. Причината поради која е заслужен за многу од овие пророштва е тоа што тој бил првиот автор што ги превел на француски јазик.

7. Пишувал пророштва сосема случајно 

Се мисли дека за да ги напише некои од своите  пророштва, Нострадамус земал некоја историска книга, ќе ги затворел очите и едноставно ќе отидел на некоја страница, земајќи за знак нешто интересно, она што нему му изгледало интересно. Оваа техника е позната како „библиомансија“ и се користи во книги за кои се верува дека содржат вистина.

8. Кон Sвездите

Техниката на Нострадамус за наводно предвидување идни настани била да ги проектира минатите историски настани во иднината преку употреба на астрологија. Дури и во негово време ова било многу спорно, а други познати астролози од негово време не се согласувале со оваа идеја за „правење компаративни хороскопи“.

9. Нацистичка пропаганда

Адолф Хитлер, заедно со Јозеф Гебелс и Рудолф Хес, верувале во некои од кватрените на Нострадамус и за време на Втората светска војна делеле пропагандни летоци со измислени четиринаесет кватрени кои ги делеле низ цела Франција. Овие летоци го „предвидувале“ поразот на Франција.

10. Одржување чистота

Нострадамус бил прв кој почнал правилно да ги лекува луѓето кои се болни од чума со едноставно одржување на чистота. Тешко е да се поверува, но тој бил еден од првите и единствени лекари во своето време што препорачувал одржување чиста околина, наспроти фокусирање на методи како лекување со пијавици.

11. Рецепти за подобар живот

Со оглед на тоа што работел како лекар не треба да изненадува што Нострадамус објавил медицинска книга за готвење. Во книгата, тој дава детални рецепти за сè, од лекови против чума до правење боја за коса. Вклучува  и различни џемови, како што е неговиот „љубовен џем“ направен од крвта на врабец, дупчињата од пипалата на октопод и јаболка од мантрака кои се користат за помош на „љубовниот чин“ и паста за заби направена од коски од сипа и школки од морски полжави.

12. Бил советник на кралицата Катарина де Медичи

Кога бил повикан на дворот на моќната Катарина де Медичи, тој  мислел дека ќе биде однесен на бесилка за неговите окултни пророштва. Сепак, на негово изненадување, работите завршија како што треба, и по неколку години тој бил именуван како советник на кралицата, а исто така и бил лекар на нејзиниот син, кралот Шарл IX, кога бил мал.

Прочитајте ги овде 10 интересни факти за книгите.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?