Skip to content

Соголување – Виктор Кадинец

  • by

Тишината зборува… во мислите.

Мислите збор немаат оти усни

Бог не им дарил.

Усните се за љубење

преку тишината.

Ако ја бакнеш тишината,

си ја бакнал во мислите.

Зар поголем бакнеж од тој има.

Ти со твојот, таа со нејзиниот поглед

Нема поголемо соголување,

кога…тишината зборува…

во мислите.

Напишете коментар