Skip to content

Креативно размислување – поучна приказна

Размислувањето може да го реши секој проблем. Ако се обидувате да ги решите проблемите со вообичаениот начин на размислување, а не успевате, треба да излезете од комфорната зона, односно надвор од рамките на вообичаеното рамислување. Овој начин на размислување ви овозможува да ги изберете опциите кои претходно не ви доаѓале на памет и буквално нема граници.

Ние ќе ви откриеме интересна приказна која се потпира токму на оваа тема – невообичаено размислување.

Размислување надвор од кутијата

Во еден италијански град, пред многу години, сопственикот на мал бизнис должел голема сума пари. Човекот на кој сиромавиот сопственик му должел многу пари бил многу непривлечно момче на кое веќе му минувале  годините. Нему му се допаднала ќерката на сопственикот, која била вистинска убавица. Тој одлучил да му понуди договор на бизнисменот со кој целосно ќе се избрише неговиот долг. Сепак, услов за бришење на долгот била раката на неговата ќерка.

Овој предлог бил дочекан со голема одвратност.

Заемодавачот ја дал следната понуда до својот должник: тој рекол дека ќе стави два камења во торбата, еден бел и еден црн. Ќерката треба да ја пушти раката во торбата и да го извади каменот. Ако каменот кој ќе го извади е црн, долгот ќе биде целосно избришан, но тој тогаш ќе се ожени со ќерката на должникот. Ако каменот што ќе го извади е бел, долгот така ќе се избрише, а ќерката не ќе мора да се омажи.

Стоејќи во градината, тажен и целосно понижен, таткото гледал како лукавиот заемодавател се наведнал и зел два камења. Додека ги земал, неговата ќерка забележала дека зел два црни камења и ги ставил во торбата.

Потоа ја замоли згодната девојка да ја стави раката в торба и да земе еден камен.

Ќерката имала три избори пред неа:

– да одбие да одбере камен од торбата;

– да ги извади двата камења од торбата и да го разоткрие измамникот;

– или да земе камче од торбата добро знаејќи дека е црно и да се жртвува за слободата на нејзниот татко.

Таа ја избрала четвртата опција. Откако извлекла еден камен, истиот ѝ се слизнал од раката и ѝ паднал меѓу останатите камења во градината.

„Ох, колку сум несмана! Но, нема врска. Ако погледнете во торбата ќе видите кој камен останал внатре. Така ќе дознаеме каков камен сум извлекла.“

Заемодавачот не сакал да испадне измамник, па морал да каже дека камчето кое го избрала девојката е бело и го поништил долгот.

Поука:

Секогаш е можно да се надмине тешката ситуација со надминување на вообичаениот начин на размислување. Не треба да се препуштате на единствените понудени можности кои мислите дека треба да изберете. Секогаш може да погледнете широко низ хоризонтот.

Прочитајте зошто е важна искреноста кон себе.

Напишете коментар