Занимливости и информации Литература Писатели и поети Поезија Светска поезија Странски автори

Слушнете како Френсис Скот Фицџералд ја чита „Ода за славејот“ од Џон Китс

Пред да почине на 21 декември 1940 г. Френсис Скот Фицџералд се снимал како ја чита „Ода на славејот“ од Џон Китс. Не е изненадувачки што оваа песна му била многу важна на Фицџералд бидејќи во насловот го пронашол назвиот на својот четврт роман „Нежна е ноќта“.

Се инспирирал од перото на Китс

Фицџералд неретко пишувал по примерот на Китсовата небрежна рака и понекогаш деловите од песните влијаеле на неговата проза. Напоредно, на пример како во овој пасус од „Големиот Гетсби“, „Со треперливо чкорче ѝ ја запали цигарата на Дејзи и заедно со нејзе седнал на каучот на другиот крај од собата, каде што светлата не беа исклучок од одсјајот од салата на подот“, со Китсови стихови: „Ти нема да најдеш светлост, освен она/со која, од небото, летно ветре темнини зелени.“

Додека неговата ќерка Френсис студирала, Фицџералд ѝ напишал едно подолго писмо објаснувајќи ѝ ја предноста на читањето и изучувањето на Китс: „Откако ќе завршиш со читање на Китс, сите други песни стануваат обично свиркање и зуење.“ Китсовата поезија ја опишал како „неподносливо убаво, со секој слог како нотите на Бетовеновата “Девета симфонија“, говорејќи и дека не успеал да ја прочита „Одата на славејот“ без солзи на очите.

Слушнете го на видеото подолу.

Фицџералд се гледа себеси во Китс. Двајцата биле привлечни, млади писатели кои рано го покажале својот талент, но и рано трагично починале. Овој мотив се провлекува низ целиот опус на Фицџералд.

Во сниммката изгледа како тој да ја рецитира песната по сеќавање, благо отстапувајќи од текстот на местата до третата строфа каде ги меша стиховите и прерано ја завршува песната. Ако сакате дополнително да го слушате неговиот глас, слушнете го и ова.

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје