1993-та

Години поминаа, празни лета,
засекогаш ќе ја паметам таа 93′-та.
Со тежок карактер, невиден тргнав на пат далечен.
Низ шуми црни провлечен, со цигара во раката а ниту еден дим повлечен.
Бегав,
ништо наоколу не гледав,
ги оставив сите што ми значеа,
решив да ја заборавам нашата историја,
и иако очиве горко ми плачеа,
решив да се фрлам во самотија.
Летото 93′-та,
со својата сила сета,
ги собрав сите спомени, сите фотографии изгорени, сите солзи во кутија затворени, изброени,
Со главата подигната и во душата за непознато глад,
во таа 93′-та тргнав јас на далек пат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?