Занимливости и информации Литература Писатели и поети Странски автори

Каква била љубовната приказна помеѓу Френсис Скот Фицџералд и Зелда?

Еден од најважните периоди од 20. век е периодот на џез или таканаречените „лудите дваесетти години“.
Освен илегалното производство на алкохол, хедонистичките танцови вечери и бројни измами, овој период секако го дефинираат богата креативна енергија откриена низ делата на писателите, сликари, режисери и танчери.
Ернест Хемингвеј, Џели Рол Мортон, Џозефин Бејкер, Пикасо, Коко Шанел, Салвадор Дали и Ф. Скот Фицџералд се најистакнати лоикови кои ја разубавиле оваа послевоена ера оставувајќи зад себе културна татковнина која сè уште предизвикува интерес и поставува многу прашања.

Која била Зелда?

Еден таков интригантен лик била Зелда Фицџералд, сопруга на Ф. Скот Фицџералд, авторот на романот „Големиот Гетсби“.
Зелда често ја нарекувале „љубовта на Фицџералд“, „мајка на ќерките на Фицџералд“, „проблематична жена“, „муза со краток фитиљ“ и други описи кои ја претставувале како заднинска слика на големиот уметник кој ја живеел изреката: „Позади секој гоем човек стои голема жена.“
Но Зелда не била жена родена за заднина. Зелда била позната по непристојното однесување, а изгледа дека животот и делото оваа уметница и авторката ја фасцинирала публиката 70 години после нејзината трагична смрт.

Зелда Фицџералд е родена во 1900 г. во Монтгомери, Алабама. Потекнува од богато семејство и во животот уживала многу привилегии. Таа била симпатична, интелигентна, забавна и паметна иако еден од нејзините недостатоци било нејзиното непрекинато барање публика.
Во своите тинејџерски години покажала голема склоност кон пишување. Открила во средношколски весник: „Јас возам мотор, сакам да џвакам мастика, пушам во јавност, танцувам образ во образ, пијам џин. Излегувам во полноќ да пливам на месечина со момчињата во Катома Крик и тогаш се појавувам на појадок како ништо да не се случило.“

Зпознавањето на Зелда и Фицџералд

Набрзо откако завршила средно школо во 1919 г. се запознава со Ф. С. Фицџералд на танцување во кантри клуб. Фицџералд бил воодушевен од нејзиниот слободен дух и наводно ја коментирал средбата со Зелда со зборовите: „Ја сакам, а тоа е почеток и крај на сè.“ Тој бил во значително пониска општествена скала од својата сакана, но Скот ѝ предложил брак и таа го одбила. Но, кога Скрибнер прифатил да ја објави книгата „Оваа страна на рајот“, Зелда го променила мислењето. Парот се венчал една недела откако дебитанскиот роман излегол на пазарот и речиси веднаш станал бестселер.
Две години подоца, малиот Френсис “Скот“ Фицџералд им се придружил. Не поминало многу време пред семејството да се пресели во Франција поради финансиски проблеми. Таму Фицџералд го напишал Големиот Гетсби, а Зелда научила да слика.

Нејзиниот немирен дух и кревкото ментално здравје добро ги воделе сликарството и танцот. Одлучувајќи посериозно да се занимава со танц одлучила да учи балет. Изгледало како мудра одлука бидејќи била страствена, дисциплинирана танчерка следните неколку години. Нејзините танцувачки способности се препознаени и ѝ донесле повик за танц во Кралскиот балет во Италија 1928 г. Меѓутоа, таа ја одбила поудата и одлучила да пишува кратки прикзни.

Тука почнало сè.

Фицџералд често говорел дека Зелда го плагирала неговото творештво, а таа му возвраќала со иста мера. Читателите прифатиле дека Зелда била инспирација за бројните негови дела, но важно е да се спомне и деа редовно земал делови од нејзиниот дневник и ги ставал во своите книги. Проблемите на Зелда со менталното здравје растеле. Падот на берзата од 1929 година предизвикал слична несреќа во нивниот екстравагантен животен стил. И завршиле целосно осиромашени, според порталот “Vintage News”.
Страствениот брак им се движел на спирала поплавена со насилство, алкохолизам и јавнии несогласувања. Една година подоцна на Зелда ѝ била дијагностицирана шизофренија и претрпела манични промени на расположението. Тоа било почеток на нејзините третмани во менталните клиники. Во текот на целото време во тие установи, Зелда пронашла спас во пишување и цртање.

Почнала да го пишува својот втор роман, “Caesar’s Things“, сликала пејзажи на Њујорк и сцени од нејзината омилена приказна од Алиса во земјата на чудата.
Големата депресија и лошото ментално здравје на неговата сопруга го разурнале Фицџералд и на 21 декември умрел од срцев удар на возраст од 44 години. Како страшно проклетство од тмурната љубовна приказна, неговата смрт била претходник на трагичната смрт на Зелда. На 10 март 1948 година во болницата Хајленд во Северна Каролина избил пожар.
Зелда која имала 47 години била под седативи и заклучена во собата додека ја чекала нејзината терапија со електрошокови, умрела во огнот заедно со 8 други пациенти.

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје