Skip to content

Во сонот од триста векови ти дојди ми – Благица Ангеловска

  • by

Испиј ја вечерва месечината

која секоја ноќ ја мери големината на срцето твое,

зашто тоа поголемо од неа е,

па напиен со нектарот од небесните светилки

дојди ми во најдолгиот сон на зимската успаност,

недогледни векови да се сплотат во траењето на сонувањето,

така тебе уште недојден да те чекам во облека

со насликан божилак по пролетен дождец,

реките твои да се растечат во мене,

мирисот на распосланата роса во ливадите

расцветани далеку од градот

под твоите боси стапала да испарува,

та ние слеани да сме во сонот што средбата ја сонува,

па во сонот од триста векови

да си траеме сѐ до вечните небиднини
во ноќите со испиената месечина

пред неразденетите денови.

Благица Ангеловска

Напишете коментар