Разговор

Љубовта не избледува, не,
таа останува скриена во пукнатините на душата и од неа не можеш да побегнеш.

Зар за една караница ќе заминеш?
Најмило мое,
прости ми, имам јас многу гревови,
ми тежат многу тежини,
моментално сите се небитни,
зошто креветот првпат по којзнае колку години ми е празен и студен,
погледот избезумен и полуден.

Палам цигара,
во последните петнаесет минути можда десета,
отпивнувам од чашата и посакувам да се изгубам,
да си го разлеам мозокот во оваа тивка соба и да исчезнам,
од животов без тебе да побегнам.

Нема, нема живот во овие ѕидини,
нема светло во овие темнини,
нема живот во очите болни,
во собите празни што наместо на дом повеќе личат на катакомби.

“Што сакаш?”
“Нож да земеш и во градиве да ми го забиеш.”
Мило мое,
зар за една караница ќе заминеш?
“Што сакаш?”
“На гради да ме заспиеш,
со вино да ме отруеш,
триста и педесет стапици да ми поставиш.”
Попрво да ме убиеш отколку да ме оставиш.

Од “Дневникот на една будала”

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?