Skip to content

Весели детски песнички за Дедо Мраз

Се надеваме дека Дедо Мраз тргнал накај нас. Каде живее, што ли ни носи дознајте од овие три детски весели песнички.

Каде живее Дедо Мраз?

Ене го Дедо Мраз,

ита по белиот снег,

јури со санката своја

скока од рид на брег.

 

Црвени образи има

мустаќ и коса бела,

кај сите деца ќе дојде

во градови и во села.

 

Каде ли живее тој,

има прашања разни,

јас мислам дека сепак

живее во детските сказни.

 

Пишете му на Дедо Мраз

Прочитавме – Дедо Мраз

тргнува на време!

Пишете му за желбите,

што треба предвид да земе?

 

Додадете

цртеж со желбата своја,

нема да ви биде тешко.

Потсетете – ќе го пресретне

и Белчо Смешко!

 

Дедо Мраз

Еве го дојде Дедо Мраз!

Ни донесе играчки разни:

балони, топки, кукли, елки

и книжиња со сказни.

 

А најубавото што ни го даде?

Знам, ќе погоди секој:

весели зимски игри во дворот

по снеже бело и меко.

Стихови:

Васил Мукаетов

Видое Подгорец

Напишете коментар