Слушање со емпатија: разговор меѓу професор и неговите студенти

На час по психологија, професорот сакал да ги распраша студентите за емпатијата. Еве какви прашања поставил и какви одговори добил:

– Па, колеги, што може да ми кажете за слушањето со емпатија? Всушност, кажете ми за почеток што е емпатија? Кога може да кажеме дека сме биле емпатични кон некого?

– Емпатијата е сочувствување со друга личност. Покажуваме емпатија кога се обидуваме да се ставиме на местото на таа личност и да разбереме како таа се чувстува.

– Дали тоа има врска со симпатии?

– Ако ми дозволите, би Ви кажал еден прост пример.

– Само напред, колега.

– На пример, доаѓате кај мене и плачете. Ако јас Ви давам сочуство, почнувам да плачам со Вас. Ако Ви дадам емпатија, се обидувам да разберам зошто плачете.

– Одличен пример. Не треба да ми кажувате ништо повеќе за емпатијата. Но, кажете ми, како да ја вклучиме во слушањето?

– Треба да ги заборавиме сопствените реакции на кажаното или стореното. Да ги замолчиме внатрешните гласови кои нѐ тераат да пресудиме кој е во право, а кој не. Не треба да формулираме одговори или решенија за проблемите, ако соговорникот тоа не го бара од нас. Не треба да бараме аргументи, ниту да судиме.

– Со други зборови, колега, прочистете го умот, односно главата пред да слушате.

– Треба да ги оставиме емоциите на страна. Ако не може да го направиме тоа, нема да бидеме емпатични кон соговорникот. Подобро да му кажеме што се случува со нас, да побараме кратка пауза или да престанеме со разговорот.

– Убаво кажано колега. Треба да го прочистиме срцето.

– Ако е можно, треба да го осигураме мирот. Времето за разговор треба да биде погодно за сите учесници во комуникацијата. Треба да се отстранат сите физички бариери. Оној кој што зборува треба да каже што сака. Треба да користиме ЈАС пораки за да не ги повредиме другите учесници во разговорот. Ако внимателно слушаме, низ еден обичен разговор се појавуваат најдлабоки чувства. Ова нуди можност да се поврземе со соговорникот врз основ на емпатија. Само така комуникацијата може да биде успешна и да се реши проблемот.

– Колеги, бидејќи станува збор за слушање, нека биде активно. Говорот на вашето тело нека покаже дека слушате. Воспоставете контакт со очите, држете растојание, фокусирајте се на соговорникот. Слушате меѓу редови и слушајте го крајот!

– Што значи тоа професоре?

– Гледајте го говорот на телото на оној кој зборува. Тоа ви пренесува важни информации. Тонот на гласот, ставот, погледот, гестовите. Понекогаш, кога тој молчи, тишината кажува сè. Не се обидувајте да го решите проблемот без да знаете што е проблемот. Дури кога чувствата ви изгледаат ирационални или тој зборува предолго, не го прекинувајте. Подобро слушајте одвреме – навреме за да ги уловите неговите чувства и потреби. Ако може вака са слушаме, секогаш ќе остваруваме добра комуникација со другите.

Прочитајте ја оваа кратка поучна приказна за тишината.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?