Пустинските реки секогаш ја налеваа твојата жед
Зошто и во пустината имаше вода за твојата голема вера
Само ти знаеш дека никој не може да проникне на правдата
Зошто сé она што ти го одзедоа, ти го вратија назад,
Ти ги знаеше сите Божји пророци
Кои го донесоа новиот Месија
И остана да бидеш раселен
Се додека не ја виде правдината во казната
Зошто љубовта е силна како смрт
Но ти ја надмина смртта
И ја донесе бескрајната Љубов
Која се влеа во човечката крв,
Зошто живееше во Господовиот храм
Иако беше разрушен
И те услиши Бог
Зошто се радуваш на Господа
Се храниш со вистината
Ти знаеш дека си
Axis mundi
Од каде започна светот
И се размножија племињата
За да се населат во подножјата
На Синај,
Ти ги знаеше десетте заповеди
Уште пред да настанат,
Зошто Бог те избра
Да ја откриеш Светлината
И да се молиш на Ѕидот на плачот
За сите несреќи на светов
И да ги собереш во твојата душа
Која се исушила како пустина
Но, капе, капка по капка,
Некогаш крв, некогаш вода,
И морето станало Мртво
Се посолило од раните на душите кои ги оплакуваш
Оние, кои ги носиме низ светов
И остануваат да бидат наши засекогаш.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.