Предлог детска книга – Оливер Твист од Чарлс Дикенс

Оливер Твист,  е роман на Чарлс Дикенс објавен  во 1838 година. Романот e прв од целото творештво на авторот што реално го прикажува лондонското подземје и го илустрира неговото верување дека сиромаштијата доведува до криминал.

Го пишува романот како критика на сиромаштијата во Лондон

Чарлс Дикенс бил добро запознаен со сиромаштијата во Лондон, бидејќи тој самиот бил детски работник откако татко му бил испратен во затвор заради неплатен долг. Дикенс започна да го пишува Оливер Твист по усвојувањето на Законот за сиромашни од 1834 година, со кој се запираат владините плаќања на сиромашнитe, освен ако тие не почнат да работат и да живеет во казнено поправни домови каде се малтретирани. Така, Оливер Твист станува средство за социјална критика насочена директно кон проблемот со сиромаштијата во Лондон од 19 век.

Оливер е сирак кој станува џепчија

Романот го следи патувањето на главниот лик, Оливер Твист. Оливер, сирак од раѓање, поминува голем дел од своето детство во една „детска фарма“ (сиропиталиште) со многу други деца и постојано е гладен. Фармата се наоѓа на околу 70 километри од Лондон. Една вечер, откако за вечера му е доставена неговата каша, Оливер бара втора порција од истата. Ова е неприфатливо за сиропиталиштето и Оливер е испратен да работи како чирак кај еден гробар.

На крајот, откако и таму повторно го малтретираат, Оливер бега и се упатува кон Лондон. Наскоро ќе се најде во куќата на еден „стар господин“ (по име Фагин) со уште неколку момчиња. Оливер дознава дека овие момчиња се обучени да бидат џепчии.

Средба со г-дин Браунлоу

На една прошетка низ градот, Оливер е сведок на една кражба. Неколку момчиња крадат марамче од господинот Браунлоу, постар човек, што го тера Оливер да побегне зошто е уплашен и збунет. Стариот господин според однесувањето на Оливер смета дека е виновен и го апси. Сепак, откако дознава повеќе за Оливер, г-дин Браунлоу  сфаќа дека згрешил и нуди да се грижи за него во неговиот дом.

Оливер претпоставува дека сега е слободен од Фагин и џепчиите, но тој знае за нивните злосторства и тие сакаат да го најдат и да го вратат назад. Ненси, проститутка и љубовница на еден од луѓето на Фагин, Бил Сајкс, е испратена да го земе Оливер од господинот Браунлоу назад.

Како завршува Оливер?

Таа го враќа назад, а Оливер е испратен на мисија со друг член на групата на село околу Лондон да краде. На оваа задача, Оливер е застрелан во раката.

Што се случува понатаму со Оливер во книгата и дали се завршува добро за него после толку многу перипетии? Претпоставувам дека знаете, но прочитајте ја уште еднаш оваа книга која толку добро ја отсликува викторијанската ера во Британија и е прва книга напишана за деца во тоа време. Останува да биде класик во универзални рамки и верувам дека е дел од секоја детска полица.

Погледнете го и овој предлог за книга!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?