Вашиот глас Литература Проза

2020 – Габриела Стоимановска

Во 2020 го осетивме стравот од болеста, но и значењето на секој нов ден, секое утро поминато со нашите најмили. Но ја сфативме ли вредноста на животот? Сфативме ли дека нашите  сакани и пријатели се баш сè што имаме?

Секој нов ден е како скапоцен камен, но без рок на траење!

Никој од нас не знае што ќе се случи утре затоа бидете среќни, секогаш главата горе, па после секој дожд доаѓа сонце.

Јас оваа година научив многу, особено значењето на семејството и секој момент поминат заедно со нив. Во текот на овие 12 месеци во животов поминаа многу луѓе, некои без трага, а некои и тоа како оставија огромни траги. Научив да не страдам по некој, и на никој да не давам втора шанса, кој те издал еднаш, ќе те издаде пак!

Во новите 12 месеци се надевам ситеќе имаме подобри денови и спомени за паметење.

Сите се сменивме некој помалку, некој повеќе, секој онолку колку што можеше. И ќе се менуваме затоа што времето си го носи своето, нови доживувања, радости и болки. Но да не заборавиме да бидеме луѓе, секогаш да пружиме рака дури и таму каде што не заслужуваат. Бидејќи најголемата вредност на човекот е тоа што го носи во себе си, а не парите!

Бидете свои и ширете љубов и позитивна енергија, бидејќи само така светот ќе биде подобро место за живеење!

Габриела Стоимановска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје