Литература Митови и легенди

Како Чернобог сакал да го зароби универзумот?

Во дамнешни времиња, злобниот бог Чернобог, господар на темнината го обзеле мрачни мисли и неправда. Тој им подлегнал на искушенијата на светот и планирал светот да го потчини. Се претворил во Црна Змија и се извлекол од своето дувло.

Сварог бил бог кој внимавал на светот. Веднаш почувстувал дека нешто не е во ред, па удрил со неговиот моќен чекан во огнената кованица и создал други богови кои требало да му помагаат во чувањето на светот. Прв од ударот се родил богот Дажбог, а потоа Хорс, Стрибог и Симаргл.

Додека се родиле новите богови, црната змија шетала по земјата за да ја расипе и неа и луѓето што живееле на неа. Сварог ги испратил Дажбог и Симаргл да видат што се случува на земјата. Тие слегле на земја и виделе дека има што да видат. Многумина веќе биле расипани од Чернобог. Тоа било доволно за да се започне војна.

Дажбог и Симаргл се вратиле кај Сварог и му кажеле дека време е за војна меѓу доброто и злото. Сварог ги послушал и започнал да удира со својот небесен ковач за да ја вооружи својата војска. За да го победи Чернобог морал да се бори со силта на светлината. Чернобог толку многу им го беше заматил умот на луѓето, што тој и неговите злобни сили се искачиле на врвот на небесното дрво и дошле до небесниот дворец. Занесени од владеењето со земјата, почнале да го напаѓаат Сварог.

Сварог брзо создал волшебен чекан. Штом Чернобог се појавил на влезот од замокот, Сварог ги повикал на помош своите деца, богови, за да му помогнат да ја намами змијата. Конечно, го зграпчиле Чернобог за градите, па тој бил поразен. Поразен, го молел Сварог да ги поштеди неговите злобни поданици на земјата. Сварог одлучил да ги поштеди луѓето затоа што и самиот тој некогаш создавал лоши луѓе.

Сепак, постоел еден услов. Ако Чернобог сакал да бидат поштедени неговите потомци, морал да се согласи дека светот веќе никогаш нема да биде владеен само од темната страна. Земјата пак била обновена и половина од неа била покриена од дневната светлина на Сварог. Во другата половина владеел мракот на Чернобог. Така настанал дневниот и ноќниот циклус на планетата.

Прочитајте која била Морана, божица на зимата и смртта.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје