Погледни ме во очите и зјапај во мене…
Го чувствуваш ли спокојот што тлее во мене…
Ја гледаш ли искрата што жари во мене…
И не свртувај се назад…. Погледни подлабоко, уживај во погледот што ти ја нуди зеницата моја…
Чувствувај се сигурно, чувствувај се слободно…
И отплови таму некаде, на минутка ил две замини….
Но, пак врати се и погледни ме…. Јас ќе те чекам… Ќе седам стуткана во ќошот и ќе чекам погледите да ни се сретнат…
Ќе чекам додека зората не зазори, додека животот не се разбуди, додека првиот зрак не се појави…
И знам, ти пак ќе свратиш и кај мене ќе дојдеш… Зашто ти сакаш погледот да ми го видиш…. Удобно ти е кога јас сум спроти тебе, уживаш во занесот од длабочината на погледот мој, ти знаеш што сакаш….
Ти си зависен, ти си навлечен, ти си опседнат со погледот мој… Ти би го дал и животот свој…
Ете уживај… Гледај…Зјапај…
Тука сум за тебе…
Биди и ти…
Даниела Кадинец