Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Секој ден – Менче Кадинец

Мислев нема да биде така.

Поминаа 5 години

од твоето непостоење.

Сакав да напишам

нешто топло, убаво,

Сакав да бидам вода

која оди само напред,

да бидам ветар, виулица

И ветрот да не ме враќа

назад…

А потоа без тебе во студенило

се двоумев,

не бев грешница,

сè што сакав се губеше,

пропагаше.

Колку тоа ме болеше

не можев да си простам.

Знаев дека само тебе требаше

да ти верувам.

А лицето ми беше насмеано

Зошто не се слушав самата себе?

 

Зошто дозволив да верувам

во зборови лажни.

Тоа не сум јас…

Ноќва е долга

Болката е долга

Зошто се откажав од делови

на животот кои ми значеа.

Дали имам време да го вратам

тоа што

се враќа.

Да бев вода

или птица

Немаше да гледам назад,

Како птица ќе полетав само напред.

Секој ден ме роси

со немири боси

Го изгубив денот.

Менче Кадинец

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје