Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Божиќ е ова? – Софија Величковска

Ова се денови кога

од возбуда се лета,

ова се денови кога

преголемата среќа

во никој случај нè ни смета..

Ова е денот кога желбите наши

патуваат кон небото,

ден кога сме растрчани низ нашите домови,

ова е ден кога лакомо и себично

се натпреваруваме кој ќе

го изеде поголемиот дел од ананасот..

Ова е ден кога виното ни го слади

грлото,

на овој ден се опиваме од среќа,

овој ден е ден кога јадеме

сè што ќе здогледаме дома,

ова е оној прекрасен ден

исполнет со бериќет,

исполнет со мир,

овој ден е ден кој никогаш нема

да го заборавиме по тоа дали

паричката се паднала во нас,

или пак немилосрдно нè прескокнала оваа година…

Ова се денови кои

толку многу нè зближуваат со семејството,

ова се денови кога каминот

ни го топли и затоплува домот,

ова е Божиќ.

Тогаш сите сме еуфорично расположени,

тогаш се молиме,

тогаш чувствуваме како некој

бескрајно да нè штити,

тогаш нашите ангели-чувари

ни пеат божиќни песни.

Ова ли е Божиќ?

Ова се денови на сите нас,

ова е нашата магична традиција

со полни кошнички оравчиња,

портокалчиња, јаболчиња..

Ова е Божиќ!

Софија Величковска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје