Признај ме

Признај ме за твоја,
па да бидам твое знаме и држава,
твој грб, твоја химна и армија.

Признај ме за твоја,
за да ти станам поддршка,
земја и татковина.

Признај ме за твоја под ѕвездите,
во црната ноќ, покрај реките,
до карпите и езерата,
преку океаните и морињата.
Признај ме и никој освен мене не мора да знае,
да остане церемонијата и признавањето само наше.

Признај ме и ќе се исправам,
признај ме и ќе војувам,
признај ме и светот ќе го сменам.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?