Хегел и контрадикторноста на љубовта

Дијалектиката на Хегел му овозможила систематично да ги набљудува промените низ нивните промени, вклучувајќи нивно евентуално достигнување на врвот.

Денес неговиот панлогичен систем не може да се смета авторитарен при спознавање на реалноста. Особено по преиспитувањето на логосот што го зема како законитост. Сепак, интересно е да се анализира неговиот метод врз основ на толкување на нешто што е присутно во самиот него, а и во сите нас: поимот љубов.

Дијалектиката на Хегел

Три основни чекори во хегеловата дијалектика се: теза, антитеза и синтеза.

Иако ова формула не објаснува зошто е потребна антитезата, Хегел дава индикации дека идејата мора да помине низ фаза на негација како би се вратила сама на себе.

Овој метод, денес применет во пракса врз историјата и уметноста, изгледа застарено заради одредени околности што докажуваат дека постојат премногу варијабли за да се докаже валдиноста на таквата хронолошка низа на развој на идејата.

Но, да се вратиме на самата љубов.

Контрадикторноста на љубовта

Набљудувана како  жив процес меѓу двајца кои се сакаат еден со друг, забележуваме дека прво треба да постои оној кој сака, кој со својата свест си вели: Јас љубам. Ова тврдење се вклопува во првиот чекор на дијалектиката, а со анализата на свеста се добиваат докази за себе, како идеја што се развива сама од себе.

За да се стигне до вториот чекор, потребно е да постои предмет на љубов, личност кон која љубовта е насочена. Во препуштањето на себеси на оној другиот се доаѓа до излегување од себе. Така, се негира првичната почетна афирмација на сопственото ЈАС, но со тоа понишување не исчезнува, туку се менува.

За да се дојде до оригиналната идеја, првичното ЈАС, да се негира антитезата, клучно е оној што сака да се заборави себеси и да му се предаде на некој близок, па да се најде повторно. Двете лица треба да го минат овој процес за да можат коректно да ја остварат свеста за самата љубов, која потоа станува идеја во развој преку нивното спојување.

Контрадикторноста на љубовта лежи во фактот дека, иако се предаваме на друг, ние исто така се пронаоѓаме со тоа предавање и самозаборавање. Со тоа се надминува отуѓувањето предизвикано од негацијата и се случува вистинска синтеза помеѓу оној што сака и саканата личност.

Друг парадокс кој се крие се однесува на поимот слобода. Безусловната љубов подразбира дека другата личност има целосна слобода да избере дали ќе ја прифати љубовта. Сепак, љубовта станува возвратена само кога другата личност ќе одлучи да жртвува една форма од  својата слобода заради љубовта.

Што се случува со слободата?

Следствено, слободата минува и низ дијалектички процес. Првиот чекор е афирмација на нејзиното постоење. Вториот чекор, негацијата, би се однесувал на одлуката да се предадеме на друго лице, што создава чувство на губење на слободата.

Но, последниот чекор во неговиот развој доаѓа само кога меѓусебното предавање на слободата ќе се реафирмира во нова форма, преку единството на две лица и нивните индивидуални слободи.

Хегел видел дека она што се открива преку љубовта е суштински момент на реалноста. Оние кои сакаат се свесни дека за нив постои една љубов, како целина. Но исто така постои и болка на разделба што ја чувствуваат. Така, уникатниот живот се докажува дека е распарчен во мноштво живи суштества и се докажува преку дијалектички процес, постојано одвојување и приврзаност, самоотуѓување и помирување со самиот себе.

Прочитајте зошто смртта на Едгар Алан По останува мистерија.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!