Почеток на една песна,
на еден ден, на една година.
Почетокот како човечки изум – човечка желба.
Постојано мислам дека има пијано во близина.
Постојано мислам дека тоа е мојата омилена песна.
Деновиве кревам чаша за да се осигурам дека е празна.
мислев дека шампањот е бесмислен.
Се обидувам да се сетам на приказната за златото,
за гигант што паѓа од небото.
Некој еднаш праша на кого се молев.
Реков за едно девојче со предниот заб што ѝ недостасува.
По овој редослед пијам прво вода,
што може да значи милост.
Да бевте тука, ќе танцувавме.
Да бевте тука, ќе знаевте што да направите.
И размислувајќи за тоа како секоја година,
ги донесувам истите резолуции
и како секоја година ги заборавам…
Дијана Станчевска