Занимливости и информации Музика Уметност Факти

Неколку занимливости за Елвис Присли, кралот на рокенролот

Елвис Арон Пресли (кај нас познат како „Присли“) бил роден на 8 јануари 1935, а починал на 16 август 1977. Тој е познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот. Беше американски пејач чиј ефект на светската популарна култура може да се спореди само со оние на „Битлси“ и Мајкл Џексон.

Прочитајте ги следниве занимливости поврзани со неговиот живот и дело.

Врската помеѓу Елвис и Присила во денешно време би била илегална

Од сите жени кои го обожавале тој само нејзе ја оженил. Но, на Присила воопшто не ѝ било лесно. Била тинејџерка кога се омажила за најпосакуваниот музичар на светот. Кога се запознале таа имала 14, а тој 24 години. Биле заедно 9 години, од тоа само една година во брак пред да се разведат.

Имал брат близнак

Мајката на Елвис носела близнаци. Отежнатиот порагаѓ кралот го преживеал, но неговиот брат кој се родил мртов за жал не. Неговата мајка одлучила после тоа повеќе да нема деца, а била многу приврзана за својот преживеан син до крајот на животот.

Оружје или музика

Првата гитара му била купена кога имал 10 години. Сакал пушка, но неговата мајка сметала дека гитарата е поприкладна.

Првиот настап

Првиот јавен настап му бил на 11 години на натпревар во Мисисипи. Ја пеел песната „Old shep” и освоил второ место.

Првите кариерни (не)успеси

Елвис бил отпуштен од еден од неговите први ангажмани во театарот во 1952 година откако го удрил еден од неговите колеги. Овој наводно му рекол на менаџерот дека Елвис добива бесплатни слатки од девојката која работи на пултот.

Ни крив, ни должен добил удар

Некојси Луи Балинт металостругар, го удрил Елвис во лобито во хотелот во Толедо бидејќи како што тврдел неговата жена толку го сакала пејачот што тоа довело до крајот на нивниот брак. Балинт требало да плати 19.60 долари казна, но бидејќи немал пари на крајот завршил во затвор.

Вилата Грејсленд

Познатиоот имот Грејсленд во Мемфис, Елвис го купил во 1957 година. Го платил 102.500 долари. Порано ѝ припаѓал на христијанската црква, а денеска е туристичка атракција која неговите верни обожаватели ја посетуваат.

„Hound Dog” рушела рекорди

Неговата песна е продадена во три милиони копии во 1958 година.

Надимак Елвис-пелвис

Тој ја почнал кариерата под името Хилбили Мачорот, но набрзо го добил прекарот Елвис-пелвис. Кога првпат ја отпеал „Hound Dog” на телевизија, водителот на емисијата му рекол да не настапува со гитара туку да остави луѓето “да го видат“. Елвис доминирал на сцената, но поради своето карактеристично мрдање со колоквоите веднаш го добил прекарот Елвис-пелвис (Елвис-карлица).

Филмска кариера

Прекарите биле брзо заборавени пред титулата “крал“. Пресли го зазел својот трон во рокенрол светот, на кој (според многумина) седи и денес. Но покрај музичката напоредно развивал и филмска кариера. Играл во повеќе од 30 филмови.

Прв во Велика Британија

Дури 21 негов синлг бил на прво место на топ листа во Велика Британија. Истовремено, уште 130 негови песни поминале вкупно 1.170 недели помеѓу најслушаните на “островот“.

Мали бели капели

„Што се случува во Вегас, останува во Вегас“ е слоган кој оживеал во текот на времето на владеење на “кралевите“ во овој град. Елвис во 1964 година ги снимил филмот и песната „Viva Las Vegas“ („Да живее Лас Вегас“), а во тој филм набрзина се венчал со својата колешка Ен Маргарет. Набрзо малите бели капели во кои можете набрзина да се венчате почнале да никнуваат на сите страни.

Лажирана смрт

Елвис починал на 16 август 1977 г. кога имал 42 години во своето купатило во Грејсленд. Некои луѓе и понатаму веруваат дека ја лажирал својата срмт за да избегне од славата. Сепак неговиот стил на живот му дошол преку глава – во официјалниот извештај се наведува дека во неговото тело биле пронајдени преку 10 различни видови дрога.

Додека бил жив снимил над 600 песни и имал единствен, неповторлив стил. Се смета дека тој е личност која има најмногу имитатори на целиот свет.

Живот после смртта

Неговата музика продолжила да се слуша и да се продава и после неговата смрт. Во тој поглед е рекордер. Ширум светот распродадени се преку милијарди албуми, постојат 480 активни фан групи, а во Велика Британција и понатаму се купуваат неговите плочи.

Прочитајте ги и следниве факти за гитарата и занимливости од светот на музиката.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје