Skip to content

Поетска судбина

Да се умре во лулка на спокој кој чемери

Што тлее како булка во гради расцветани

О, да се умре со болка љубовна

Таква е смртта на поетите!

 

Да се битисува со неразјаснети сознанија

Кои плачат под песната на славејот

Да се разнебитува со впламната наивност

Таков е животот на поетите!

 

Да се лета, вечно да се лета кон височините

Кон нови љубови, патишта нови,

О, да се лета толку високо ,

Таков е летот на поетите!

 

Да се векува, да се биде вечно млад,

Како феникс кој се издига од прашината

Да се овековува животот, смртта, љубовта

Да се стане бесмртен,

Таква е судбината на поетите!

Напишете коментар