Занимливости и информации

16 факти за животот на Агата Кристи кои можеби не сте ги знаеле

Благодарение на нејзините епохални дела, мистериозните трилери кои ги восхитуваат милиниот читатели ширум светот, Агата Кристи е позната како “кралица на мистериите“. Таа е одговорна за создавањето на некои од најпрепознатливите ликови меѓу кои е и детективот Херкул Поаро. Некои се шокантни, некои бизарни, а некои факти премногу забавни. Прочитајте ги во продолежние следниве факти за нејзиниот живот.

1. Нејзиниот прв роман е инспириран со предизвик

Како тинејџерка Агата Кристи експериментирала со поезија и кратки приказни. Дури кога нејзината сестра ја предизвикала да напише нешто подолго таа првпат се обидела да напише роман. Нејзиното првенче „Таинствен настан во Стајлс“ во книжевниот свет ќе го воведе детективот Херкул Поаро, кој подоцна ќе стане популарна книжевна икона.

2. Мистериозно исчезнала дури единаесет дена…што предизвикало теории дека ја киднапирале вонземјани

Животот на Агата одненадеж се претворил во трилер роман во 1926 година, кога скршена од тага поради смртта на својата мајка и процесот на развод од сопругот, полковникот Арчибалд Кристи, одеднаш исчезнала. Нејзиното семејство, полицијата и јавноста биле целосно збунети. Исчезнала без трага, оставајќи ја зад себе ќерката, бурмата и напуштениот автомобил, при што започнала јалова претрага. Единаесет дена подоцна е пронајдена, во хотел во кој се наоѓала цело време, под име на љубовницата од нејзиниот маж. Агата тврдела дека имала амнезија и нејзиното бизарно исчезнување во целост не е разјаснето.

Во текот на тие сензационални епизоди имало безбројни теории за исчезнувањето. Некои претпоставувале дека сето тоа било маркетиншки трик за да се подгине продажбата на нејзините книги. Некои верувале дека Агата навистина имала амнезија, можеби поради сообраќајната незгода. Имало и такви кои претпоставувале дека се обидела да го осомничи нејзиниот сопруг за нејзиното исчезнување. Овие неколку теории не се ни приближно толку интересни како тероијата која ја смислил Гарет Робертс, еден од писателите на „Доктор Ху“. Во епизодата наречена „Еднорог и стршлен“, писателот шпекулирал дека Агата навистина имала амнезија после трауматичната средба со вонземјански стршлен. Дали е тоа вистина? Веројатно никогаш нема да дознаеме.

3. Се обидувала да пуши

Денес милиони луѓе очајнични се обидуваат да го остават пушењето, а Агата очајнички се обидувала да пропуши. Тутонот станал многу популарен во текот на Првата светска војна, тогаш пушењето немало репутација како денеска, сите пушеле и Агата сакала да се вклопи, но никогаш не ѝ тргнало од рака.

4. Имала солидно познавање од отрови

Во текот на Првата светска војна, Агата Кристи работела како помошничка во аптека и била запозната со разни отрови пришто развила завидно знаење за нив. Нејзиното интересирање се пренело и на хартија, бидејќи во повеќето нејзини дела отровот е главно средство за убиство. Нејзината склоност кон овие средства веројатно потекнува од нејзината аверзија кон експлицитното насилство. Но и е од помош бидејќи со труењето приказната станува поинтересна и помистериозна.

5. Нејзината мајка била видовита

Клариса Бомер, мајката на Агата, тврдела за себе дека е видовита, убедувајќи ги сопствените деца дека може да ја предвиди иднината. Клариса, наводно поради своите убедувања, одбивала да ја учи Агата да чита и пишува. За среќа, тоа не ја спречило идната авторка тоа сама да го научи.

6. Го држела светскиот рекорд за најдебела книга на светот

Издавачот Харпер Колинс во 2009-та година објавил колекција од приказните за госпоѓица Марпл која се состоела од 12 романи и 20 кратки приказни. Во колекцијата имало 67 злосторства, 67 тајни и лаги, 22 лажни обвинувања, 21 романси и 143 испиени шолји чај, на дури 4032 страници. Книгата била тешка речиси 7 килограми, а чинела 1500 долари. Овој рекорд е срушен во 2013-та година кога во Данска е објавена книга со 89. 471 страници, под назив „Најголемиот речник на светот“.

7. Страствено ја сакала археологијата

Нејзиниот втор маж, Макс Малован бил археолог и често ја водел со себе на експедиции по Средниот исток. Овие експедиции имале големо влијание на нејзиното пишување. Агата и нејзиниот маж често патувале со Ориент експрес, што ѝ било инспирација да ја напише „Убиство во Ориент експрес“ (1943). Влијанието кое нејзините патувања по Средниот исток го оставиле врз нејзе може да се види и во романите „Смрт на Нил“ (1937) и „Средба со смртта“ (1938).

8. Агата Кристи го држи рекордот како прва жена која сурфала стоејќи

Иако многу познати писатели вклучувајќи го Селинџер биле осаменици кои се дистанцирале од светот за да работат на своите книги, Агата Кристи не била една од нив. Сакала да го поминува времето во природа, а посебно уживала во сурфање. Страста кон овој воден спорт се разбудила во текот на нејзиниот престој на Хаваи, а се верува дека таа е првата британка која сурфала стоејќи.

 9. Нејзиниот страв од сиромаштија бил инспирација за да ги претстави парите во нејзините приказни како мотив

Иако е родена во семејство од средна класа, Агата била свесна колку се моќни парите и важни во животот. Посебно кога нејзиниот татко западнал во финансиска криза. После смртта на татко ѝ, кога таа имала 11 години, авторката почнала да се грижи за своите финансии, а тоа го правела до крајот на својот живот. Опишувајќи го нејзиниот живот, кариерата и наследството, Лаура Томсон во биографијата објавена во 2007 година, напишала: „Агата имаше голем страв од сиромаштија, постојано сеќавајќи се на изненадниот пропаст на Милеровото богатство. Парите беа еден од централните мотиви во нејзиното пишување, како што се и Поаро и госпоѓица Марпл често нагласувале, парите се главен мотив за злосторство.

10. Како што и самата тврдела „пишувала како на лента“

Иако точниот број на нејзините дела варира од извор до извор, сите се сложуваат дека таа пишувала многу. „Кралицата на мистерии“ е позната не само по своите неодоливи дела туку и по бројот на книги кои ги напишала. На врвот на својата кариера Агата изјавила дека  „пишува како на лента“, опишувајќи ја својата способност за брзо пишување.

11. Нејзиниот псевдоним Мери Вестмакот бил тајна речиси две децении

Иако името Агата Кристи на многумина им е познато, популарната авторка напишала шест романи под псевдоним Мери Вестмакот. За разлика од криминалистичките романи по кои е најпозната, авторката под псевдонимот создала репутација како исклучителен писател на љубовни романи. Речиси дваесет години никој не знаел дека Мери Вестмакот всушност е Агата Кристи.

12. Агата Кристи продала повеќе книги отколку што има луѓе во Америка и Кина заедно

Агата Кристи продала над две милијарди примероци од своите книги, зацементирајќи го својот статус на најпродаван автор на сите времиња

13. Го мразела традиционалниот колач

Агата толку го мразела традиционалниот колач од гриз со мармалад па го употребила како средство за убиство во својот роман „Зрна во џеб“ (1953). Можеби сакала да ги оттргне читателите од консумирање на овој десерт. Најверојатно никогаш нема да дознаеме дали таа ѝ била намерата.

14. Херкул Поаро го сакале многумина, освен Агата

Еден од најпознатите книжевни ликови е токму детективот Херкул Поаро кој се појавил преку сто пати во нејзините дела. Многумина го сакале, но авторката често повторувала дека не го сака, нарекувајќи го “гнасен, надуен, досаден, егоцентриечн мал гад“. Во интервју за БиБиСи, внукот на Агата, Метју Причард открил дека издавачите поради популарноста на Поаро ја терале Агата постојано да пишува за неговите случки. Поради тоа јасно е дека неговото постојано појавување во нејзините дела не било последица на нејзината љбов кон ликот што го измислила.

15. Не сакала да се фотографира

Иако не била срамежлива особа пред објектив, напротив, често се фотографирала на своите патувања, сепак не сакала сликите да бидат на кориците од книгите, дури инсистирала и да не личат на нејзе. Како да не сакала да биде препознавана во јавноста.

16. Можете да ја изнајмите нејзината стара куќа

Ако на листата на нешта кои сакате да ги направите ви е престој во просторот каде што живеела Агата Кристи, нејзинот дом во Девоншир е достапен за изнајмување. Ова со векови стара градба било нејзино прибежиште во педесетите години на 20-тиот век. Некои делови од куќата се издаваат на поединци или групи по цена од 500 долари за ноќ. Во куќата сè уште се наоѓа мебелот и клавирот кои ѝ припаѓале на авторката.

Прочитајте ги и следниве факти за Албер Ками.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје