Постои таков што те чекал
уште пред да се родиш,
кој минутите ги одбројувал
со чекорите што ги правел
одејќи кон тебе.
Постои таков што секогаш те чека
и кога единствен сопатник ти е твојата сенка,
тој мирно плови по океани
преполни со потонати бродови
и станува морнар на изгубени мориња,
станува пустиник барајќи спас во тишината
но и таму те пронаоѓа,
во молкот на ѕидовите,
во звукот на реката
во сите земни и небесни непостоења
се појавуваш ТИ.
Постои таков кој секогаш ќе те бара,
и кога ќе те најде
ќе ја фрли морнарската капа,
плашејќи се реката да не те проголта,
ќе те качи на својот брод
нудејќи ти пат околу вселената,
а тебе ти треба таков што ќе остане,
кој нема да се умори од чекање,
кој нема да престане да трага по тебе
и тогаш кога ќе те пронајде,
пак ќе те чека.
Оти постои таков
што доаѓа еднаш во животот,
на кој само еднаш му се случуваш,
а му траеш засекогаш.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.