Тие се твои слики
ти имаш многу лица
нема да биде исто
штом е таа кралица- ти си рицар.
Жиг остави како вулкан
длабоко врежан, високо стои
ќе го паметат многумина,
таа ќе застане минути да брои.
Пее ситото во длапка
остава траги, риги и дамки,
се печати болката на лист
сликите се врежуваат во ѕвездени рамки.
Ирена Белешковска