Skip to content

Започна фестивалот на чајот и читањето организиран од „Феникс“

Традиционалниот „Фестивал на чајот и читањето“, кој го организира издавачката куќа „Феникс“, годинава ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари. По онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и во земјата, ќе бидат избрани најдобрите читатели, кои ќе добијат комплети книги од македонски автори, изданија на „Феникс“.

Исто така, онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“. Ќе бидат претставени новите наслови од едицијата „Меридијани“, како и најновите едукативни и креативни изданија за деца и за млади.

Притоа, нема да изостанат традиционалните зимски саемски попусти на изданијата од „Феникс“, кои ќе бидат од 30 до 80 отсто.

Извор

Напишете коментар