Skip to content

Отелотворување – Софи Индовино

  • by

Душата ми се има заглавено на пола пат..

На меѓата од пеколот и рајот,

во амбисот каде се мешаат два света.

 

На раскрсницата меѓу никаде и секаде. На пола пат од ни ваму ни таму.

И уште не знам дали е ова животот или само бдеење над  јавето.

И ова тело што мајка ми ми го даде на  дар тесно ми е,

Како фустан два броја помал.

Ми пука по рабовите, ми стрчи душа од шавовите.

И уште не ми е дом, уште ми е само прибежиште, засолниште после бурите и громовите.

И сè уште не знам како да ѓи отапам сетилата за боловите и демоните.

 

И како очите да не ги гледаат брулеските и неправдите.

И ушите да не крварат од лагите и клеветите.

 

Дај ми мајко друго тело…

Со крилја место раце и камен место срце.

Софи Индовино

Напишете коментар