Доријан – Анастасија Лефкоска

Седев на зелената фотелја и потпивнувајќи од виното гледав како двете дрва горат и потпукнуваат во каминот.
“Бидна ли?” праша сликата на ѕидот. Распарана беше ама како што се зафаќаше мразот во мене така и платното се опоравуваше. Портретот на младиот човек со очи како моите на половина поделен. Од една страна убавина што блеска, од друга страна грдотија. Искрено грдотијата повеќе ми се допаѓаше. Имаше карактер. Шарм.

“Бидна вујче.” одговорив. Не се каев, воопшто. Ни малку.
“Какво беше чувството?” Праша сликата.
Се насмевнав полека и задоволно. Ко волк пред да нападне, ко крволочен убиец пред да убие, ко зависник пред да полета. Скоро посткоитично.
“Прекрасно.” изговорив одлучно. Надвор врнеше и грмеше. Се навраќав на времето кога се плашев да живем сама. Колку глупаво од моја страна. Вилата беше прекрасна, директ посадена на сред шума и најопасното животно во неа бев јас. Покрај вујко ми секако, кој висеше на ѕидот, си ги лижеше раните и беше со векови веќе стар.”Така. Така. Се гордеам.” Изговори сликата демонично. Се насмевнав повторно. Од вечерта на балот, од смртта па низ раѓањето, од завршетокот не чувствував ништо освен презир. Кон себеси, кон светот, кон бившата љубов и инспирација, кон душата што ја подарив и беше згазена.

Најдобрата одлука ми беше тоа што од таванот кој со години ми го забрануваа ја извадив сликата. Вујко ми одтогаш најдобро ми ја чуваше душата. Мислам дека и се хранеше од неа, емоциите им годеа на боите на Базил. Го жалам. Од една страна сум и благодарна ама повеќе го жалам. Портретот на вујко ми беше направен со љубов, се гледаше, ама вујко ми ко и јас сега, беше исполнет со љубов кон себе, амбиции, омраза кон сѐ што некогаш му било драго. Развлеченото време му го прави тоа на човека. Го полни со горчина сѐ додека не си ја продаде душата и од неа не направи една убава фотографија. Мојата е на таванот. Не сум толкав идиот за да дозволам повторно да ме убијат.

Сега е редот на мене. На нас. Сега на сцена стапува одмаздата. Макијавели го презема сценариото. Негативците победуваат во филмот. Потпвнувам од виното уште малку. Се враќам во реалноста.
“Мила?” Ја слушам сликата.
“Да вујче?”
“Чувај ми ја книгата. Сите бои од неа. Кога ќе излезам сакам повторно да ја прочитам.”
“Во ред вујче.”
Ако вујко ми не ви е познат низ делото на Оскар, набрзо преку мене ќе го запознаете. Без разлика што вели крајот. Доријан никој, никогаш не може да го убие. Тој повторно и повторно се раѓа, во секоја генерација.
Доријан сум јас, или ќе бидам во мојата фамилија.

Прочитајте го и вториот дел од оваа кратка приказна.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!