Силата на жената – Софи Индовино

Силата ми е во кревкоста – таа ми ја крепи гордоста.

Силата ми во наивноста –  таа е сестра на суровоста.

Силата ми е во солзите – тие се нектар на Боговите.

Силата ми е во поразите – тие ми плетат јаже  до трновите.

Силата ми е во лузните – тие се ракопис на победите.

Силата ми е во раните  – тие се амајлии против уроците

Силата ми е во зборовите – тие ми прават место по друмовите.

Силата ми е во рацете –  тие се лулки на надежите.

Силата ми е во очите – тие се сведоци на скандалите

И Ахил  може слободно да позавиди

што слабоста не е во моите табани.

Со нив би можела  сè пред себе да газам, но сепак јас  одбирам да лебдам.

Нема  надприродна сила што ќе ме запре, кога една жена ќе реши да тргне напред.

Софи Индовино

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?