Skip to content

Легендата за Пирин планина

Еден цар сакал да знае колку езера и извори има на Пирин планина и му ветил награда на тој кој ќе ги изброи, а згора на тоа и ќерска си за жена. Многумина оделе, а малкумина се враќале живи, зашто ноќно време доаѓале јуди и ги убивале. Затоа никој не се нафаќал да ги изброи. Најпосле се нафатиле двајца браќа близнаци да појдат и да ги избројат. Тие стигнале на Пирин Планина и вечерта кога сакале да поспијат, помалиот брат му рекол на поголемиот:

– Бате, да си легнеме така што нозете да ни се поклопат, та да бидеме како еден човек со две глави.

Штом си легнале, поголемиот брат од замор од долгиот пат заспал, ама помалиот брат сон не го фаќало и не можел да спие. На полноќ двете јуди кога виделе човек со две глави, едната и рекла на другата: „Сестро жими триста шеесет и шестте води на Пирин, ако сум видела досега човек со две глави“.

А другата рекла:

– Триста и шеесет и шестте езера ги оставам, ако не ги откинам и двете глави со еден замав.

– Јас го знам тоа сестро, одговорила првата, ама со него и деветмина браќа. Ајде побрзо да си одиме и до утре да помислиме. Помалиот брат го разбудил поголемиот и му рекол:

– Бате станувај, јас ги избројав водите на Пирин Планина. Потоа отишле кај царот, му кажале за бројот и помалиот брат се оженил со царската ќерка.

Прочитајте ја и легендата за Мандалионот или превезот на Вероника.

Напишете коментар