Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Девојката што чека – Симона Паскоска

Погледни,

погледни  ја онаа девојка со темни очи

погледни ја нејзината коса,

убава како бистра пролетна роса.

 

Погледни го нејзиниот поглед,

што како сабја го сече секој блесок

и се слуша патење и вресок.

 

Погледни ја нејзината убавина,

што сјае од далеку

како ѕвезда на небесниот свод,

како ангел во божјиот род.

 

Погледни ја нејзината насмевка

да, таа насмевка која е ведра

како пролетно кокиче

нежна како небесно ластовиче.

 

Погледни го блесокот во очите

тој блесок кој крие огромна тага,

и една болна животна лага.

 

Погледни го тој поглед,

да, тој поглед кој говори за сè што поминало,

за сè што низ срцето наминало.

 

Погледни ја нејзината рамнодушност

која ѝ го зароби срцето,

со синџир на бес и зло

синџир на плач и срце што боли

и една душка која тивко гори.

 

Погледни го пламенот во срцето,

пламен кој говори за болна љубов

пламен кој крие предавства, немири и таги,

пламен налеан со многу лаги.

 

И не, нема место за љубов во нејзината душа,

во неа веќе владее огромна суша.

 

Погледни ја онаа девојка што чека

онаа убавица покрај бистрата река

седи мирно и со погледот шара,

да, таа само трошка надеж бара.

 

Бара искрена и чиста љубов

љубов без болка,

љубов нежна и мила

љубов што ќе пружи сила.

 

Барај некој да пружи рака,

да се исплаче на нечие рамо,

за да ѝ помине огромната мака.

 

Бара солзи радосници пролеани

од среќа на една мајка за своето чедо

бара радост и утеха

нежност и прегратка.

Бара насмеани лица,

бара разиграни срца

бара насмеани детски очи

од кои добрина се точи.

 

Погледни,

да таа е девојката што чека

чека да дојде нејзината среќа и радост

чека на искрена љубов

чека на насмеана младост.

 

Чека да дојде ноќта

и ѕвездите силно да блеснат

за плачот и болката да вреснат.

 

Чека да изгрее сонцето,

кое ќе ѝ да даде надеж и сила,

радост и среќа мила.

 

Погледни ја онаа девојка

да таа со темни очи и црна коса,

убава како утринска роса

таа секој ден е тука,

секој ден чека да се насмее,

и длабоко срцето да ѝ се распее.

Симона Паскоска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје