Детенце

Надвор дошло снешко бело

Се радува цело село

Дедо станал пали печка

На баба чорба да се крчка.

 

Дете мало спие мило

Во мајкино се нишка крило

Кој ли сега ќе го буди

Секој мисли и се чуди?

 

Петле мало кукурика

Да нѐ буди тоа вика

Тоа мало дете ќе го  буди

Никој веќе не се чуди.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?