Меѓу кориците
на хиерархискиот врв
зборови напишани
сè што допираат-
злато претвораат.
Ако од уста излегуваат,
ако усни ги изведуваат:
го будат трепетот…
трепетот на белото грло.
О, тие.. од олово потешки
како јазикот не го голтна
место да ги испратиш
до ушиве мои
да ме прогонуваат.
Дури ми ги кажуваше
телото твое
немирните потези
се лепеа на срцево мое.
Залудно…
Залудни се сега
твоите анегдоти,
веќе ја напиша судбината.
Епитафот е готов,
на иднината!
Елена Николоска