Ќе гледам – Николина Савеска

Еден ден ќе гледам како со некого шеташ, фатени за рака
ќе се каам знаејќи дека ние требаше да се држиме така
ќе гледам од далеку како се смееш и си среќна
а нема никогаш да знаеш дека си моја љубов вечна
ќе гледам како во прегратки му се предаваш сета
ах животе, ах оваа моја судбина клета
ќе гледам, одалеку само ќе те гледам
никогаш нема да знаеш колку те љубам и колку проклето те немам
да беше моја некогаш можеби немаше да се обвинувам толку
ќе си умрам од мака со неискажана љубов и молкум
гледам цел живот и молчам
и ќе заминувам одново и одново од тебе без да се борам
прости ми што сум таков човек
можеби само јас единствено би те сакал довек
ќе те љубам одалеку силно и снажно
а ова мое срце и душа секогаш ќе наликуваат на врнежливо есенско време, ете толку тажно..

Николина Савеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?