Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за самопочитувањето

Посетувајќи часови за медитација еден човек ја слушнал прекрасната приказна за друг човек кој одел на медитација и истата ја раскажал. Ја споделуваме со вас и сигурни сме дека ќе ве инспирира и сите ќе нè натера да веруваме дека надежта во човековата љубезност не е изгубена.

Човекот што одел на часови по медитација сакал сожалувањето да стане дел од неговиот секојдневен живот. Живеел сам во стан во голем град. На дното на скалите во ходникот на зградата живеел еден бездомник. Како и повеќето минувачи и ученикот по медитација секојдневно поминувал покрај бездомникот негледајќи го. Неколкупати му дал неколку ситни пари, главно поради сожалување нетрудејќи се на него да обрне внимание ниту да размислува за него.

Не бил ни немилосрден ни злобен, едноставно бил рамнодушен. Учејќи медатирање набрзо согледал дека мора да го отвори своето срце кон своите блиски – не само со зборови туку и во реалноста, во секојдневниот живот. Сфатил дека најдобар почеток за постигнување на таа цел е токму тој бездомник.

Еден ден излегол од својот стан, слегол по скалите и го погледнал директно во очи, како да му е близок пријател. Бездомникот се почувствувал непријатно и веднаш го тргнал погледот. Сепак, вратата на сожалување конечно била отворена. Минувале неделите и човекот што учел медитирање секој ден поминувал покрај бездомникот, внимателно се трудел да го погледне во очи. Секое утро пред излегување од зградата учтиво ќе речел: „Добро утро. Како сте денеска?“. И секоја вечер, враќајќи се дома после работа, викал: „Како ви помина денот?“.

Љубезноста конечно се исплатила. Малку по малку, бездомникот излегувал од својот кожурец и почнал да му враќа на погледите, а во неколку наврати и се насмевнал. Конечно, после извесно време, почнал да му одговара на прашањата. Одговарал со: „Утрината сум прилично добро. А вие?“. Навечер одговорал со: „Вечерва ми е подобро него вчера. Благодарам на интересирањето.“. Неговата самодоверба растела.

Со текот на времето тоа прераснало во ритуал во кој ученикот на медитација почнал вистински да ужива. Вистински се радувал на средбата со својот “пријател“, истовремено откривајќи дека му е многу полесно да се спријатели со останатите странци. А тогаш еден ден бездомникот исчезнал без трага.

Ученикот на медитација се растажил прашувајќи се која би можела да биде причината. Деновите поминувале, но бездомникот и понатаму му недостигал. Продолжил со својот вообичаен живот. Еден ден, околу еден месец подоцна, кога на враќање од работа влегол во зградата, на скалите седел непозат човек. Кога му пришол овој веднаш станал да го поздрави. Не го познавал овој странец кој сепак низ магла однекаде му бил познат. Човекот ја испружил раката и рекол: „Извинете што Ви пречам, господине, но сакам само да Ви се заблагодарам“.

„Да ми се заблагодарите?“, возвратил ученикот на медитација. „На што?“„Гледајте“, рекол странецот, “некогаш живеев токму овде, под овие скали. Толку се срамев од себеси и имав толку малку самопочит што никој не ме познаваше.“ После кратка пауза продолжил.

„Со години наназад никој не беше љубезен спрема мене. Никој не сакаше ниту да ме погледне, а камоли да ми посвети време. Немав пријатели ниту се ценев самиот. Тогаш Вие почнавте да ме забележувате. Бевте љубезни кон мене. На крајот сфатив дека ако Вие можете да бидете љубезни и да ми покажете почит, тогаш можеби и самиот би можел да бидам љубезен и да си покажам себе малку почит.

Така се собрав и си пронајдов работа и стан. Купив нова облека. Мојот живот се промени. А знаете зошто? Поради Вас. Вашата добрина и желба да ме почитувате и да бидете добри спрема мене ми го променија животот. Само сакав да Ви се заблагодарам“.

Прочитајте ја и приказната за мајсторот и завртката.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје